Викторија Бекам (34) признала во интервју за магазинот Хело дека знае дека мажите не ја сметаат за атрактивна. Истакнала дека знае дека не е една од оние жени за кои мажите губат глава, но затоа го пофалила својот сопруг Дејвид.


– Тој еднаставно подобро се снаоѓа во снимањето и фотографирањето. И да, признавам дека изгледа многу добро и дека е атрактивен и посакуван маж – истакнала Викторија.

Брачниот пар неодамна ја претставил својата нова линија на парфеми во Њујорк. На промоцијата се собрале и голем број од обожавателите.