Модната куќа Викторија Сикрет одлучила да го прошири асортиманот на своите прозиводи, односно на купувачите покрај долната облека да им понуди и други парчиња облека, а најновата колекција ја рекламираат трите најголеми ѕвезди на овој бренд Адријана Лима, Алесандра Амброзио и Кендис Свонпул. Сите три убавици се претставиле на начин на кој донекаде е нетипичен за Викторија Сикрет, но и понатаму со висока доза сексипил.
Така Лима на фотографиите носи заводлив комплет кој би можел да биде комбинација на облекувње за успешни бизнис жени со тесна црвена сукња и црна кошула, но и чипкан виолетов фустан кој е идеален за ноќни излегувања. Алесандра Амбросио рекламира кошули и фармерки за опуштена прошетка низ градот, додека Кендиз е во издание за луди забави облечена во кратко црно фустанче кое го носи во комбинација со лаковани чизми кои се високи над колениците.