Бившата спајсица на промоцијата на својот парфем во Њујорк облекла ПВЦ чизми кои имале „невидлива потпетица“. Само неколку дена подоцна, Викторија се упатила во шопинг со своите синови.
Познатата трендсетерка облекла црвен фустан, очила за сонце и чевли од канадскиот дизајнер Dsquared2 со вртоглаво висока метална потпетица. За да не падне, за рака го држела најмладиот син. Додека купувала со своите синови во Лондон, нејзиниот Сопруг Дејвид бил на тренинг со својот клуб L.A Galaxy, кој својата сезона не ја започна баш најдобро.
Ден подоцна е виден на аеродромот Heathrow бидејќи репрезентацијата на Англија во сабота игра натпревар против Казахстан.