Популарниот пар Викторија и Дејвид Бекам не одолеаа на трендот, па така и тие на друштвената мрежа поставија заедничка фотографија од својот кревет. под ова селфи, Викторија, која наполни 40 години, напишала „Прекрасен ден со семејството“.

Тие двајца така се приклучија на популарниот тренд фотографирање после секс, кој во последно време се практикува на друштвените мрежи. Моментално се наоѓаат во Големиот Кањон, каде сеуште трае прославувањето на роденденот на позната дизајнерка.