Викторија Бекам на својот твитер налог поставила фотографија со коментар на кој пишувало дека е сигурна како над нејзината куќа има НЛО. Таа била убедена дека успеала да фотографира НЛО.
Иако на фотографијата тешко се воочувало нешто друго освен месечината, таа ја поставила и напишала „НЛО лебди над нашата куќа“. Некои од обожавателите почнале да се шегуваат и да оставаат коментари на кои пишувало дека треба да ги земе децата и да побегне, додека други се обидувале да ја смират коментирајќи дека во прашање е месечината, или пак хеликоптери со фотографи.