Додека другите пијат коктели и се забавуваат, Викторија Бекам оди од бутик до бутик како би го прославила успехот на својата ревија. Славната дизајнерка откако успешно ја претставила својата нова колекција на модната седмица во Њујорк, со ќерката Харпер отипла во шопинг. Страствениот вљубеник во модата, сопругата на фудбалерот Дејвид Бекам, во розе фустан со високи потпетици, држејќи ја ќерката во рацете ги посетувала бутиците.


Меѓутоа, секој нејзин чекор бил следен од фолем број фанови кои се обидувале да ја фотографираат со ќерката. Тие две по шопингот во „Прада“ отишле на ручек во еден ресторан во близина. Иако Харпер е многу мала, Бекамови не се одвојуваат од неа. Викторија насекаде ја води со себе, а нејзината ќерка била најмладиот член на прубликата на нејзината ревија во Њујорк.