Посебната верзија на iPhonе од злато го покажала моментално најпопуларната бремена жена на светот Викторија Бекам на аеродромот во Лондон. Бремената Викторија имала iPhonе 4 кој чини 22 илјади фунти, а на папараците им покажала фотографија од својот сопруг Дејвид во топлес издание која ја имала на позадината на луксузниот телефон.
Упатените велат дека телефонот е направен од 24-каратно злато и тежок е 150 грама и е еден од најскапите модели кои ги изработувал Стјуарт Хјуз. Покрај телефонот се добива и футрола напавена од кожа на ној. Викторија моментално е во четвртиот месец од бременоста, а кој знае какви се подароци ќе добие до породувањето кое треба да се случи на лето.