Викторија Бекам во средата го прославила својот 38. роденден, но наместо со торта се почестила со голема чинија овошје. Британската пејачка и дизајнерка очигледно е опседната со својата линија, бидејќи не си дозволила да се заслади ниту за роденден.


Таа со сопругот Дејвид се упатила на ручек во еден ресторан на Беверли Хилс, каде наместо очекуваната торта се почестила со голема порција овошје, чија фотографија ставила на својот Твитер налог, под која напишала „Роденденски ручек и прекрасен ден!“