Иако влезе во петтиот месец од бременоста, Викторија Бекам не покажува знаци за жена која очекува бебе. На фотографиите кои биле снимени на аеродромот во Лондон, а потоа и по доаѓањето во Лос Анџелес, Викторија и понатаму се со потполно рамен стомак.


На многумина им паднал во очи и фактот што и покрај бременоста и напорното патување, не се откажала од вртоглаво високите потпетици. Иако не се смее често, нејзините пријатели рекле дека е пресреќна што по три момчиња конечно ќе добие ќерка.