Викторија Бекам открила дека сака да има уште деца, но засега и биле доволни четирите кои ги имала. Модната креаторка тешко ги усогласувала работата и улогата на мајка, па проширувањето на семејството ќе мора да почека, барем засега. Таа рекла дека не сака да пропушти ниту еден важен момент во животот на нејзините деца.

Сакала да ужива во децата кои сега ги има и нејзиниот живот бил подреден на нивниот. Поранешната пејачка е се поуспешна во светот на модата, а нејзините креации брзо го пронаоѓаат својот пат кон некоја од славните личности. Неодамна се нашла на удар на критики поради својот исцрпен изглед, кој го препишала на работата, но и на улогата на мајка на малата Харпер Севен.