Викторија Бекам размислува на својата ќерка, која допрва треба да се роди, да и даде име Санта. Како што пренесуваат британските медиуми, поранешната пејачка, која веќе има три сина со фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам, сака на ќерката да и даде име по познатото предградие на Лос Анџелес Санта Моника.


Дејвид со тоа воопшто не е одушевен. Тој би сакал нешто потрадиционално, но најверојатно ќе се согласи со нејзиниот избор. На Викторија и се допаѓа и името Луна, додека нејзините синови би сакале сестрата да им се вика Џастин, по примерот на нивниот идол Џастин Бибер.