Викторија има 36 години, а и Дејвид размислувал за животот после фудбалот. Нив им недостасуваше само ќерка за да имаат совршено семејство. Соништата им се оствариле откако било објавено дека четвртото дете на парот ќе биде девојче. Лекарот на Викторија и Дејвид по прегледот им рекол дека после три сина ќе добијат девојче. Викторија била воодушевена и заплакала од среќа.
Близок пријател на семејството рекол дека ова ќе биде нивно последно дете и сметаат дека ќерката во потполност ќе го надополни нивното семејство. Парот веќе има три сина, Бруклин, Ромео и Круз, а Викторија често повторувала дека би сакала да има и девојче. Ќерката е здрава и нормално се развива, а на свет би требало да дојде за време на летото.