Некогашната членка на групата „Спајс Грлс“ Викторија Бекам одлучи да им се придружи на останатите членови на бендот следната година, по повод две децении од основањето на музичкиот состав. Веќе извесно време на големо се пишува и зборува за повторното собирање на „спајсиците“, но се додега не се споменуваше името на сопругата на Дејвид Бекам.

 

Британското списание “Closer” пишува дека Викторија, сепак, се согласила да се појави на сцената со останатите девојки, доколки обврските тоа и го дозволат. Сопругата на Дејвид Бекам моментално е презафатена за кариерата на модна креаторка. Бендот „Спајс Грлс“ своевремено продаде 85 милиони албуми и стана најуспешна женска група на сите времиња.