Сопругата на фудбалерот Дејвид Бекам планира да се породи на 4 јули, на америкаснкиот ден на независноста. Првобитниот план бил Викторија да се породи со царски рез во Лондон, но парот одлучил породувањето да биде во САД и тоа токму на 4 јули. Пријател на парот изјавил дека тие ја сакаат Америка, нејзината култура и луѓето кои ги дочекале со широко отворени раце.


Истиот извор изјавил дека најважни се се здравјето на мајката и детето и дека работите секогаш можат да се променат. Тие веќе имаат три сина, Бруклин, Ромео и Круз. Според последните шпекулации ќерката одлучиле да ја крстат Атланта, иако претходно се споменуваше името Санта.