Сопругата на фудбалерот Дејвид Бекам, Викторија Бекам, планира да отвори продавница за својата модна колекција. Членката на некогашната група „Спајс Грлс“ сака да го освои азискиот пазар, да отвори своја продавница и да направи комерцијален сајт за продажба на нејзиноот бренд Викторија Бекам. Тоа што го сакала е да не се фокусира само на американскиот и британскиот пазар, бидејќи постоеле многу други интересни територии.

Таа додала дека моментално работи на тоа да отвори своја продавница. Рекла дека продавницата најверојатно ќе биде во Лондон, но додала дека никогаш не се знае и можеби подоцна ќе биде во Хонг Конг. Таа рекла дека не брза да го прошири својот моден бренд на глобално ниво и сакала да го гради својот бизнис постепено.