Викторија Бекам минатата година како креаторка дебитира на светската модна сцена. Нејзините колекции беа позитивно оценети, а многу познати звезди започнаа да носат нејзини колекции. Британските медиуми пренесуваат дека Викторија во четвртокот останала без својата колекција за есен-зима 2010 година.
Комбе со неколку десетици фустани било пресретнато во Лондон. Биле скршени бравите на вратите, а возачот бил полесно повреден. Колекциите биле вредни повеќе од 300 илјади евра. Очигледно станувало збор за добро испланиран грабеж.