Сопругата на Дејвид Бекам моментално го преживува својот најголем кошмар. Лекарот и наредил на претставувањето на својата модна линија на модната седмица во Њујорк да носи ниски чевли. Прашање е дали воопшто ќе може да го напушти домот, бидејќи не може да се движи поради силните болки во грбот.


Оштетен и бил дискот на дното од р’бетот, а лекарот сметал дека токму високите потпетици се виновни за состојбата на Викторија Бекам. Таа ги носела дури и во доцните месеци од бременоста.