Дизајнерката и поранешна пејачка Викторија Бекам, открила дека се обидува да биде добар пример за своите деца. Поточно, пред децата не правела ништо што би можело да створи лоша слика за неа, па дури и не се шминкала. Рекла дека воопшто не се шминка кога нејзината ќерка е во близина, бидејќи веднаш би почнала да ја имитира, а таа тоа не го сакала.
Се присетила и на моментот кога еден од синовите ја прашал зошто е добро да се биде познат. Му одговорила дека во таа ситуација можете да им помогнете на разни луѓе на кои им е потребна помош, и дека на тој начин се испраќа добра порака во светот.