Популарната Викторија Бекам не го сака својот задник и за него мисли дека е навистина грд.

Наводно, Викторија на неодамнешното снимање за реклама на Џорџо Армани, каде што позирала само во танга гаќи, градник и високи потпетици, од фотографот побарала да избегнува да го фотографира нејзиниот задник.


„Викторија веднаш на почетокот од снимањето сакаше да знае дека нејзиниот задник нема да биде истакнат“, изјавил неименуван извор.

Покрај комплексот “имам лош задник“, Викторија ја загрижуваат стриите и лузните од царскиот рез кој го имаше во 2005 година. Затоа тие неправилности во текот на снимањето се прекриени со добра шминка и одлично осветлување.

Искомплексираната Викторија изјавила дека единствено нејзиниот драг Дејвид знае како навистина изгледа нејзиниот стомак.