Викторија Бекам, која неодамна објави дека е бремена, одлучила да се породи во САД. Нејзина желба била детето да се роди во Велика Британија, но дошло во промена на планот, бидејќи во јули, кога е терминот за породувањето, нејзиниот сопруг мора да биде во својот тим на Лос Анџелес Галакси.


Викторија и Дејвид веќе имаат три синови, а на лето ќе го добијат четвртото дете. Таа изјавила дека не ја исклучува можноста да донесе на свет и други деца, но и дека се помирила со фактот дека можеби никогаш нема да добие ќерка.