Вереничкиот прстен е симбол на трајна љубов кој паровите го разменуваат кога ги склопуваат брачните завети. Повеќето жени носат еден веренички прстен на левата рака, но една жена не размислува така. Викторија Бекам го смета само како моден детал бидејќи во својата колекција ги има дури 13. Во 15 години брак со Дејвид Бекам сменила дури 13 дијамантски прстени, а експертите нејзината вредна колекција дијаманти, смарагди и сафири ја проценува на повеќе од 3,5 милиони фунти.

Кога Дејвид ја запросил во 1998 година, нејзиниот прв прстен имал дијамант со издолжен обил, а чиенл околу 65 илјади фунти. На Вимблдон оваа година Викторија носела прстен од жолто злато со жолт дијамант вреден дури 100 илјади фунти. А еден од нејзините фаворити е смарагден дијамант окружен со низа помали. Најскап е дијамант со срцевидна форма за кој се претпоставува дека е вреден повеќе од милион фунти.