Познатите мајки Викторија Бекам, Адел и Лили Ален се номинирани за наградата славна мајка на годината, која ја доделува „Фокси Бинго“ лотаријата. Покрај сите овие славни личности номинирана била и Кејт Мидлтон која сеуште не се ни породила.
Адел се породила кон крајот на минатата година, а медиумите пишуваат дека самата се грижела за бебето бидејќи нејзиниот вереник постојано бил зафатен. Војвотката од Кембриџ била исто така номинирана, иако до датумот на прогласувањето не би требало да се породи.