За славната Викторија Бекам отсекогаш се пишувало се и сешто, а последна новост во низата е дека популарната Пош е многу строга кога е во прашање квалитетот на хотелската услуга. Поинаку кажано, дизајнерката и пејачка не е добредојден гостин во хотелите, а тиа стана јасно откако на странските портали излезе текст во кој е опишан еден одмор на семејството Бекам.
Во текстот е опишано дека Викторија, додека со семејството престојувала во едно луксузно одморалиште во долината Напа, наводно барала од собарките да ја менуваан нејзината постелнина и пешкирите секогаш кога ќе излезе од собата. Исто така, Викторија барала комплетно чистење на апартманите неколку пати на ден. Меѓутоа, бидејќи вработените не сакале да и излезат во пресрет, Викторија го спакувала семејството и го напуштила хотелот. Меѓутоа, Викторија не останала рамнодушна на овој текст и најавила тужба кон оној кој го објавил.