Викторија Бекам одлучила од своето тело да ги отстрани тетоважите кои се посветени на нејзиниот сопруг, не затоа што повеќе не го сака, туку затоа што сака во бизнис светот да ја сваќаат посериозно. Долга низа години се бори за својата позиција на самиот врв на најдобрите дизајнери и сега за некое чудо заклучила дека тетоважите се виновни што не е уште поуспешна.
Наводно, веќе некое време оди на третмани за ласерско отстранување на мастилото. Не е познато што за сето ова мисли Дејвид, но сепак, на крајот на краиштата, тетоважите биле посветени на него. Останува да видиме дали Викторија со овој потег навистина ќе ја подобри својата кариера.