Портпаролката на славниот пар, Џо Милоу, открила дека Викторија Бекам би требало да се породи ова лето и додала дека таа и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам се многу среќни поради приновата. Полот на детето не сакале да го откријат, но на Викторија сигурно би и било драго по три сина конечно да добие девојче.


Славниот пар заедно веќе има три сина, Бруклин, Ромео и Круз. Во брак се веќе цели единаесет години, а поранешната членка на групата „Спајс Грлс“ тврди дека многу се сакаат и дека нивната љубов не ја разнишале ниту написите за наводната афера на Дејвид со проститутка.