Странските медиуми пренесуваат дека поранешната членка на групата „Спајд Грлс“ Викторија Бекам е во блажена состојба и дека го чека своето петто дете со сопругот Дејвид Бекам. Парот засега не ја потврдил веста, а според некои извори Викторија повторно била на труднички режим, односно јадела одредена храна и престанала да пие алкохол.

Извор близок на парот рекол дека таа сакала да добие уште едно дете пред на наполни 40 години, а Дејвид тоа и го овозможил. Викторија и Дејвид веќе имаат четири деца, три сина и една ќерка.