Добро е познато дека Викторија Бекам се занимава со креирање гардероба, но пронашла нов дизајнерски ангажман, па сето свое знаење го искористила за дизајн на луксузно издание на автомобилот Ренџ Ровер “Evoque”. Посебен модел од ова теренско возило бил претставен во понеделникот во Пекинг.

Автомобилот чинел 80 илјади фунти, а во внатрешноста имал украси во форма на златни ружи и ретро кожни седишта. Викторија изјавила дека пред да се зафати со овој проект направила опсежно истражување на дизајнот не само на автомобилите, стари и нови, туку и бродови и авиони. Моделот “Evoque” ќе се произведе само во 200 примероци, а на купувачите ќе им биде испорачан во октомври во Кина.