Прославениот голман на Барселона, Виктор Валдес се врати во клубот и ќе има улога на тренер во младинските категории. Валдес ќе ја предводи екипата до 19 години во Барселона составена од фудбалери од прочуената школа „Ла Масија“.
Валдес е еден од многуте фудбалери кои поминале низ школата на Барселона и го носеле дресот на клубот во сениорска конкуренција. Некогашниот чувар на мрежата неодамна го положи испитот за лиценца за водење на екипи во младински категории.
Водењето на младински состав нема да биде прво искуство за Валдес, кој претходно работеше во екипата на Мораталаса која со млади категории се натпреварува во петтата лига во Шпанија.
Голманот од 2002 до 2014 ги бранеше боите на Барселона а потоа бранеше за Манчестер Јунајтед, Стандард Лиеж и Мидлзбоу каде ја заврши кариерата.
OhridNews