Бројката на заразени тенисери и членови на стручните штабови, кои учествуваа на „Адриа Купот“ се зголемува откако позитивен на тестот за коронавирусот беше на Виктор Троицки и неговата бремена сопруга Александра.
Троицки, како и многу други тенисери учествуваше на „Адриа Купот“ кој се одржуваше во Белград и Задар во организација на Новак Ѓоковиќ. Некогашниот 12-ти тенисер на АТП листата потврдил дека се позитивни со сопругата но изјави дека за сега немаат никакви симптоми. Ќерката на Троицки била негативна.
Убава информација е дека Дамир Џумхур кој исто така беше дел од тенискиот турнир е негативен, но се ќе зависи од тестот на Ѓоковиќ кој имаше контакт со сите учесници и ко-организатори на турнирот. Неговиот резултатот треба да излезе денеска.
До сега потврдени позитивни случаи на коронавирусот се тенисерите Григор Димитров и Борна Чилиќ и по еден член од стручните штабови од Ѓоковиќ и Димитров.
OhridNews