Тековната сезона ќе биде последна за легендарниот ракометар на Барселона, Виктор Томас. Десното крило приморан е да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето. 34-годишниот ракометар одлуката ја објави на пресконференција која се одржа денеска во просториите од каталонскиот клуб.

Морам да се повлечам од ракометот. Ова не е моментот, ниту начин, но мора да се соочам со некои работи. После ракометот сакам да имам нормален живот, а за тоа треба да се повлечам. – изјави меѓудругото Томас.

Шпанецот целата љубов во спортот и ја даде на Барселона. Од младите категории до крајот на оваа сезона Томас беше и остана во Барселона. Во дресот на каталонците ги освои сите титули на клупски план, а со голем успех настапуваше во шпанската селекција.

OhridNews