Виктор Наумовски повторно ќе го носи дресот на Охрид. Во редовите на ГФК Охрид Лихнидос доаѓа како повратник од ФК Тиквеш.

Виктор претставува големо засилување за нас. За екипата на Охрид има забележано повеќе од 70 настапи. Му посакуваме добри игри и голем успех, велат од клубот.

Воедно од ГФК Охрид Лихнидос, покрај потврдата за враќањето на Наумовски, соопштија и за заминувања на неколку играчи.

ГФК Охрид Лихнидос им се заблагодарува за соработката со клубот на следните играчи: Христијан Митревски, Александар Ѓорѓиески, Кристијан Костовски и Хадис Таири. Во наредниот период ќе бидете известени за нови засилувања, додаваат.

OhridNews