Фудбалерот со офанзивни карактеристики Виктор Наумовски, беше еден од стартерите во охридскиот соста, во победата (2-0), во тест средбата со Велазерими. Наумовски одигра повеќе од добри 45 минути, врзувајќи ја играта на средината, а и креираше неколку прилики за погодок.

До сега подготовките течат во најдобар ред и според планот. На контролните мечеви со разни екипи од македонската Прва и Втора лига играме добро и остваруваме позитивни резултати, што делува ветувачки за вториот дел од сезоната. Констатно кога и да играм давам максимум, надевајќи се на уште подобри перформанси во првенствите мечеви. – изјави Наумовски.

19-годишниот фудбалер во првата полусезона запиша неколку настапи, а од него повеќе се очекува во втората етапа, која ќе биде клучна за конечниот изглед на табелата.

OhridNews

 

Охрид го надигра Велазерими