Младите и талентираните Виктор Наумоски и Дарко Цветаноски се најновите фудбалери кои ја продолжија соработката со охридскиот фудбалски клуб.

Наумоски во вториот дел од минатата сезона добиваше се повеќе шанса во екипата, а Цветаноски, пак, беше стрелец на победничкиот погодок за Охрид во пресметката Велешта која го лансираше клубот на втората позиција на табелата.

Наумоски и Цветаноски им се придружија на Ромео Кочоски, Александар Бакулески, Ајрадин Цуцули, Љупче Трпески, Никола Симоновски, Славе Маркоски и Атдхе Мазари, кои претходно го продолжија договорот со Охрид. Нови имиња во Охрид се Игор Клечкароски, Мурат Адили и Сашо Шопоски.

OhridNews