Пред Македонија стојат сериозни предизвици на кои мора да се работи за да го задржи задоволството кај постојните и да предизвика интерес за инвестирање кај нови инвеститори. Овде пред се мислам на унапредување на бизнис климата, што значи намалување на корупцијата, бирократијата, унапредување на владеењето на правото, подобрување на инфраструктурата, почитување на договорите и законите од државните и локални служби итн. Ова во интервју за специјализираниот портал „Извоз“ го изјави Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори и генерален директор на КОСТАЛ Македонија.

Квалитетот и квантитетот на работната сила се клучни за иден развој и успех на една мала економија како што е нашата, но и за привлекување повеќе и поквалитетни инвестиции. Унапредување на образованието, пред се на техничките факултети треба да е врвен приоритет. Вложување од страна на државата во нови лаборатории и примена на најнови технолошки пракси, вклучувајќи |паизкгу 4.0 и 5.0, стимулирање на нивна соработка и колаборација со бизнис заедницата, без разлика дали се тоа странски или домашни компании, воведување на задолжителна пракса во соработка со сите технолошко напредни компании во земјата, истакнува Мизо.

 

Непредвидливоста на економското работење е еден голем проблем со кој се соочуваат сите комании. Најнов пример за тоа е воведувањето на солидарниот данок. Постапката за донесување на Законот за данок на солидарност беше ад-хок, во втората половина на деловната 2023 година, за оданочување на добивката остварена за 2022 година, и со тоа предизвикува потешкотии во финансиското менаџирање на компаниите и, воопшто, лошо планирање на деловното работење на компаниите, потенцира Мизо.

Овој закон беше донесен со минимални консултации и вклученост на компаниите на кои се однесува, а за странските инвеститори предвидливоста е неопходна за позитивниот имиџ на државата во која работат и за нивните идни локални планови, додава Мизо.

Целиот разговор со претседател на Советот на странски инвеститори и генерален директор на КОСТАЛ Македонија може да го проследите на следниот линк.

OhridNews
Извор: извоз.мк

Т