Директорот на фабриката за производство на компоненти за автоиндустријата „Костал“ во Охрид и поранешен прв човек на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, е избран за претседател на новоформирана Асоцијација на компании со технолошки напредно производство.

Мизо на оваа функција доаѓа на предлог на странските инвеститори. Негова задача ќе биде проблемите со кои се соочуваат компаниите во ТИР-зоните да ги изнесува пред владата.

Целта на формирањето на Асоцијација на компании со технолошки напредно производство, е да се подобрат узловите за бизнис за сите, истакнаа претставници на странските инвеститори во Македонија.

OhridNews

„Костал“ значително ќе го зголеми бројот на вработени и ќе инвестира 20 милиони евра во фабриката во Охрид