Прошетка по езерото, разглед на градот, релаксирање во хотелот и полесен тренинг пред завршните натпревари во групата за репрезентациите кои се дел од европскиот шампионат во б дивизија во Охрид. И тренерите и девојките ги делат зборовите кои велат дека се воодушевени од Охрид и неговото опкружување.
– Трета година по ред сум во Македонија, два пати во Охрид и еднаш во Кавадарци. Прездоволни сме од она што го видовме во Охрид, а јас како “добар“ познавач на градот ја прошетав мојата екипа низ стартиот дел каде има доста интересни градби за гледање. Исто така уживавме во прошетката до Св Јован Канео, каде што можевме да се разладиме во капацитетите во тој дел од градот. Во однос на ланскиот шампионатот во Кавадарци каде беше доста топло и жешко да се игра, ова во Охрид е сосема друга приказна – изјави селекторот на португалската селекција Еугенио Родригез.
Експедицијата на Шведска која е еден од фаворитите на шампионатот за прв пат е во Охрид. Швеѓаните се пријатно изенадени од тоа што го виделе. Интересен момент ја следи селекцијата на “викнзите“ во Охрид, особено поради кошаркарките со темен тен, кои се издвојуваат на шампионатот.
– Често се соочуваме со оваа реакција, и ние сме навинкнати на ова.Во нашиот состав а и во женската кошарка во Шведска тоа е нормална работа, тоа се деца на емигранти кои се родени во Шведска и со гордост играат за својата земја. Единствено Саломе Кабенгано е родена во Најроби, додека сите останати се родени и живеат или во Стокхолм или во останатите поголеми градови. За нас тоа е нормално, иако и јас знам дека понекгаш посебно кога играме во оние жолти дресови многу наликуваме на репрезентацијата на Јамајка – вели тренерот Фредерик Јоуламо.
Охрид интересен за швеѓаните за организирање на кошаркарски камп
Одличните временски прилики, евтината цена и солидната инфраструктура го прават Охрид интересна дестинација за организирање на кошаркарски камп за швеѓаните.
– Со моите колеги разговаравме за можноста еден ден некоја од шведските репрезентации да дојде во Охрид и да организира кошаркарски камп, овде временските условите се доста добри, цените се доста прифатливи, исто така логистиката е добра, и досега не сме забележале проблеми со инфраструктурата. Она што не изненади е тоа што на патот до салата има доста луѓе кои пешачат, возат велосипеди, што во секој случај покажува дека луѓето спортуваат и го сакаат спортот. Овај шампионат во секој случај едно ново искуство за нашите играчи кои играле неколку години во неколку различни земји но овде во Охрид, хотелот, опкуржувањето се најдобрите во кои досега престојувале – потенцираше Фредерик Јоуламо кој додаде дека ќе го препорача Охрид како место за одмор на неговите пријатели во Шведска.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com