Околу 50 илјади лица оваа година го посетиле еден од најголемите летни фестивали во гратчето Катоира во Галиција со кој се обележува сеќавањето на инвазијата на викинзите. Овој фестивал се одржува секоја прва седмица во август и тогаш илјадници посетители и локалните жители ги облекуваат најубавите викиншки костуми во комбинации со рогови, мачеви и штитови, како би ја одбележале инвизијата на тој народ на северозападниот брег на Шпанија пред повеќе од илјада години.

Оваа година околу 200 „Викинзи“ пристигнале со бродови, а ги дочекале мештаните на Катоира наоружани со замјоделски алатки, во обид да го одбранат градот. На крајот на битката и „освојувачите“ и „бранителите“ биле потполно водени од виното кое се истурало од матарките кои им виселе околу вратот.