Во документот кој бил испратен во американската амбасада во Атина, еден месец пред одлучувањето на Брисел за апликацијата на Македонија, се вели дека нашиот Јужен сосед го одбил последниот предлог на Нимиц, но од друга страна дале ветување дека нема да се противат Македонија да ги почне преговорите под рефернцата ФИРОМ.
Според дописот од 11 октомври 2005 тогашниот министер за надворешни Моливијатис изјавил дека предлогот за двојна формула е неприфатлив. Грчката страна го обвинила и Нимиц за пристрасност кон Македонија.
Како што се наведува во документот, во тоа време клучно за САД било името да не е пречка за напредокот и инегрирањето на Македонија во ЕУ, а Грција дала ветување дека нема да има никакви блокади на Македонија.