Тој нагласи дека граѓаните имаат право да знаат што прават функционерите во нивно име и ги отфрли стравувањата дека доверливите американски документи би можеле да наштетат на соработката меѓу државите во светот.
„Доколку глобалната безбедност е втемелена на лаги и измами, тогаш би било чесно таа сериозно да биде разнишана“, изјави Храфнсон за Ројтерс.
Викиликс го потресе дипломатскиот свет објавувајќи изводи од над 250.000 доверливи дописи, во соработка со пет влијателни западни весници, меѓу кои и „Њујорк Тајмс“ и „Гардијан“. Поради тоа вчера американскиот претседател Барак Обама го задолжи високиот
претставник за борба против тероризмот Расел Трејверс да спречи нови
објавувања на доверливи документи за американската администрација.
Меѓу објавените тајни дипломатски документи имаше и такви кои се однесуваа на македонско-грчкиот спор за името и размислувањата и ставовите на лидери на држави за решавање на долгогодишниот билатерален спор помеѓу Скопје и Атина.
извор:„Макфакс“