Викендов во Охрид двојна програма за љубителите на ракометот. Вечерва (сабота), ГРК Охрид во салата „Билјанини извори го игра првиот натпревар во новото првенство пред домашната публика. Противник на „гладијаторите“ ќе им биде екипата на Прилеп.

Натпреварот почнува во 19:30 часот, а во домашниот тим владее оптимизам пред дуелот со Прилеп. ГРК Охрид ги поканува љубителите на ракометот да дојдат и да уживаат во натпреварот во кој екипата влегува максимално мотивирано.

Натпреварите на ГРК Охрид ќе може да се следат и со сезонски карти. Цената на сезонаската карта која ќе важи за сите првенствени натпревари во ракометната Супер лига изнесува 1200 денари, а може да се набави на билетарата во салата „Билјанини извори“. Со купена сезонска карта следи гратис дрес на ГРК Охрид.

 

Во недела, 11 септември, салата „Билјанини извори“ во Охрид е домаќин на ракометниот Супер куп во кој се среќаваат вечните ривали Вардар и Пелистер.

За натпреварот останати се уште мал број влезници кои можат да се набават на билетарата во спортската сала „Билјанини извори“ по цена од 200 денари, информира организаторот на мечот.

Супер купот се игра од 20 часот.

OhridNews