Минатата година во месец март Тоше Проески како промотор на кампањата, караванот низ Р. Македонија, на Црвен крст и Космофон, порача „ДАРУВАЈ КРВ – БИДИ ХУМАН”. Токму тое е мотото и на овогодинешната крводарителска акција, што за жал без нашиот Тоше, но во негова чест  ќе се одржи на 22.03.2008 г. (сабота) на Градскиот плоштад  (пред Рибниот ресторан) со почеток во 10:00 ч, соопшти Црвениот крст – Охрид.


голема крводарителска акција викендов во Охрид

Со цел приближување на крводарителството до сите лица подготвени за овој чин, со особен нагласок на младата популација како лица кои во себе носат голем потенцијал и свест дека сторениот хуман чин значи многу за нив самите, оваа акција на Црвен крст Охрид ја подржаа и помогнаа неколку фирми со обезбедување на интересни и вредни подароци за секој крводарител.

ohridnews