Викендов во каналот Студенчишта во организација на Здружението на рекреативни риболовци „Св. Апостол Петар“ ќе се организира охридската Риболовна лига „Зима 2019“.

  • Учесниците ќе ловат секаков вид на риба и без ограничување на големината. На системот за риболов учесниците мораат да има пливка (тапа) и само една јадица. Оловото не смее да биде монтирано под јадицата. Дозволено е носење на повеќе риболовни трски, а ловење е дозволено само со една трска. – информираат од Здружението.

Риболовната лига „Зима 2019“ поделена е во пет категории и право на учество имаат само членови од здружението. Првата категорија е учесници до 15 години втората до 20 години, третата до 25 години, четвртата над 25 години, а петтата е ветерани за лица постари од 55 години.

Каналот Студенчишта исчистен од отпад пред Риболовната лига „Зима 2019“.

Најмладите за ловење на риба ќе имаат два часа, додека натпреварувачите од останатите четири категории ќе имаат три часа. Здружението со работна акција го исчисти каналот и подготви одлични услови за Риболовната лига.

OhridNews