Во единствениот тест натпревар пред почетокот на новата сезона ракометарите на Климент Охридски убедливо со 34-14 ја совладаа битолската екипа Феникс. Првенството започнува викендов а годинава во Првата машка ракометна лига ќе играат вкупно 16 екипи поделени во две лиги, Исток и Запад. Лигите бројат по осум клуба, ќе се игра само еден круг,секој против секого по два натпревари.
     
По одиграни 14 кола,  ќе се формира нова лига, во која ќе има место за вкупно шест екипи. Најдобрите три состави од двете лиги ќе се најдат во новата група во која ќе вкрстуваат само со противниците од другата лига. Во новоформиранта група  ќе бидат пренесени бодовите од
меѓусебните дуели со составите со коишто играле во својата група од регуларниот дел.

Оној тим којшто ќе биде најдобар во новоформираната плеј-оф лига, ќе биде новиот суперлигаш во следната сезона.
   
Екипата на Климент Охридски која во минатата сезона го напушти елитното друштво и се пресели во понизок ранг ,на отварањето на сезоната во дербито на првото коло ке игра против  Илинден од Струга.

Натпреварот се игра во сабота во 19 часот .