Времето денеска ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до -1, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Во недела ќе преовладува умерено облачно време. Во западните делови со услови за локален дожд. По некои котлини ќе има појава на магла. Утринската температура ќе се движи од -6 до 1, а дневната во интервал од 4 до 11 степени, информира УХМР.

Од понеделник се очекува значително затоплување, а во средината на идната седмица и невообичаено високи температури за овој период од годината, кои на места ќе достигнат до 15 степени Целзиусови.

OhridNews