По двомесечна пауза, која екипите ја искористија за подготовки и засилувања во играчкиот кадар, викендов продолжуваат натпреварите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Пролетниот дел од сезоната ќе го отворат Брегалница и Ренова со утрешниот дуел на градскиот стадион во Штип со почеток во 14 часот.
Преостанатите дуели од 19. коло се на програмата в недела, а двојките се: Скопје – Борец, Македонија Ѓорче Петров – Тиквеш, Пелистер – Работнички, Шкендија – Струга и Шкупи – Академија Пандев.
Шкупи е лидер на табелата со 42 бодови, седум повеќе од второпласирамата Академија Пандев пред меѓусебната пресметка овој викенд, додека кригот претендети за титулата го затвора актуелниот Шампион Шкендија, која е третпласирана со 34 бодови.
OhridNews