Времето во Македонија во текот на викендот ќе биде сончево со мала умерена облачност.  В сабота попладне локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи, особено во западните делови на земјава.


Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната температура од 29 до 36 степени.

Во недела минимална температура од 11 до 19 степени, а максимална од 28 до 35 степени.

Ohridnews