Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Минималната температура до -1, максималната до 16 степени.

Во недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање.

Од УХМР најавуваат дека, во следните денови под влијание на серија на влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд. Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.

OhridNews