Според прогнозите, времето  во Македонија денеска ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Во попладневните часови ќе има појава на мала локална облачност. Утринската температура ќе се движи од  11 до 19, а дневната од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Северните делови од земјата ќе бидат во жолта фаза од метео-алармот во однос на високите температури.

Во недела претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб умерен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во текот на ноќта, како и во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.

Во понеделник ќе има и значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени. Во вторник се уште ќе има повремени врнежи од дожд, а потоа ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневните температури.

OhridNews