Со натпреварите од 21 коло викендов продолжува Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во кое дербито се игра во Тетово меѓу Шкендија и Вардар.
Лидерот Шкупи е домаќин на Тиквеш, додека актуелниот шампион Струга му гостува на Силекс во Кратово.
Во преостанатите три натпревари се среќаваат Гостивар – Брера, Македонија ЃП – Воска и Работнички – Брегалница.
Сите шест натпревари се на програмата в недела со почеток во 14 часот.
На табелата води Шкупи со 42 бодови, еден повеќе од второпласираната Струга, а три повеќе од Шкендија на третото место.
OhridNews