Викендов започна асфалтирање на улицата „Момчило Јорданоски“, а на ул. „Абас Емин“ како и на други улици се пополнуваат дупките.


Се асфалтира ул. „Момчило Јордановски“

Иако ваквите активности се случуваат во предизборниот молк, од локалната самоуправа демантираат поврзаност со партиско политички активности. Тие велат дека асфалтирањето на посочените улици е испланирано со месеци пред да бидат закажани предвремените парламентарни избори. Локалната информираше дека аасфалтирањето е дел од подготовките на Охрид за претстојната туристичка сезона и дека истите со несмален интензитет ќе продолжат во наредниот период.

ohridnews